Фото: Маја Јаневска-Илиева

Здружението „Братство и единство – Тито“ денес положи свежо цвеќе и обележа 131 година од раѓањето на Јосип Броз Тито.

-Тито има големи заслуги за Македонија и македонската државност. Кога на 29.11.1943 во Јајце се собрале сите делегации, иако македонската делегација не беше присутна, Тито изјавил дека тој во име на македонската делегација ќе потпише за Македонија да влезе во составот на новоформираната држава, да биде шестата република во составот на Југославија со своја државност, со свој мајчин јазик, со своја култура и историја – изјави Трајан Наковски, секретар на здружението.

Инаку, 25 Мај, во поранешна Југославија беше државен празник, познат и како Ден на младоста, кога низ целата поранешна држава младите ја носеа штафетата на младоста и секоја година, додека беше жив (4 мај 1980.), на 25 мај му ја предаваа на Маршалот Тито на централна прослава со слетови во Белград, а по повод неговиот роденден. М.Ј.И.