Таен подземен премин стар 1.500 години, кој преживеал многубројни земјотреси, неодамна беше откриен за време на археолошките ископувања во урнатините на црквата „Свети Полиевкт“ во Истанбул.
Издлабените мермерни блокови и релјефи во подземниот премин, кој содржи мозаици и камени орнаменти, ги импресионирале истражувачите.
Махир Полат, заменик-генерален секретар на градската општина Истанбул, рече дека оваа градба е одличен пример за градска архитектура, која ги издржа тестот на времето и гневот на земјотресот, пренесе „Дејли сабах“.
– Истанбул, кој моментално се бори со ризикот од земјотреси, во тие 1.500 години преживеа десетици земјотреси, а оваа градба успеа да ги преживее сите. Можеме да научиме нешто од тоа – изјави Полат.