Фото: МВР

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета со раковоството на СВР Велес и на Полициското одделение Чашка каде бил информиран за постигнатите резултати од работата и за изминативе три месеци од оваа година заедно ја оцениле за поволна безбедносната состојба во земјава.

– За одбележување е намалување за 40 отсто на нарушување на Јавен ред и мир, за првото тримесечје од 2024 година. Локалните штабови за организирање на фер, слободни и демократски избори функционираат – истакна Бојмацалиев по брифингот со СВР Велес.

Додаде дека за добрите резултати придонесе подобрувањето на работните услови на вработените, односно реконструкциите на објектите на СВР Велес, Чашка и Кавадарци.

Бојмацалиев информираше дека финансиите за бонус плата за вработените во МВР  се обезбедени, но не е исплатена заради распишаните избори, а по завршување на техничката влада ќе започне процедурата за прибирање на податоци и исплатата на бонус плата, која до 2017 не беше исплаќана, а која се исплаќа од 2017 година наваму.

Тој истакна дека по однос на иницијативата од Македонски полициски синдикат од ноември 2023 година е формирана работна група, за колегите кои се на ноќна смена наместо храна да добиваат паричен надоместок.

Тој изрази своето уверување дека колегите од СВР Велес ќе продолжат со несмален интензитет во полициското работење, а со цел одржување на поволна безбедносна состојба и гарантирање на фер и демократски изборен процес што ни претстои наредниов период.

На новинарско прашање тој потсети дека граѓаните до МВР можат да пријават секаков вид на нерегуларности во текот на изборниот процес на деновите на изборите, како и секојдневно за секаков вид проблеми