Фото: МКЦ

Музичарот Бени Шаќири е назначен за нов директор на Младинскиот културен центар (МКЦ), потврдија од МКЦ.

Од МКЦ велат дека Бени Шаќири е назначен за директор уште на 10 јануари.

– Градот го криел решението на Бени Шаќири. Тој дури сега доаѓа на работа, останатите двајца кандидати имаат осум дена рок на жалба, со ова им се ускратува правото на жалба – наведуваат од МКЦ.

Покрај Шаќири, кандидатури поднесоа и продуцентот и филмски работник Никола Мадиќ, сопруг на заменик-министерката за правда Викторија Аврамовска-Мадиќ, и Владимир Стојчевски, дипломиран продуцент и професор, магистер по менаџмент на јавни установи.

Шаќири доаѓа на местото на Никола Алексов, дипломиран детектив, кој беше поставен на функцијата во јануари откако Арсовска го разреши Ванчо Богоев.