Фото: Маја Јаневска-Илиева

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во југоисточните делови засилен ветер од јужен правец.

Попладне на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално, особено во источните делови процесите ќе бидат поинтензивни со пообилни врнежи (над 20 л/м2), силен ветер и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Tемпературата во Скопје ќе биде 18 степени.

И утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег.

Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.