Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот ќе биде умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

Според УХМР, до недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата.

В понеделник се очекуваат врнежи од дожд.