фото: Фејсбук

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност со цел да се разговара за односот на Бугарија кон Македонија и да бара консензус со сите политички партии во новиот бугарски парламент.
Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков.
– Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат, е целосно во рацете на земјата кандидат – изјави бугарскиот претседател Радев.