Денес, на 77 годишна возраст, по кратко боледување почина проф. д-р Перко Колевски.
Беше редовен професор на медицински факултет и прв министер за здравство на независна Република Македонија. Основоположник е на имунологијата и трансплатацијата на бубрег во Република Македонија. Колески беше и директор на Институтот за трансфузиона медицина при Клинички Центар – Скопје. Добитник е на државната награда „11 Октомври” и на Орден за заслуга за народ со сребрена ѕвезда.