Владата на редовна седница донесе одлука за доделување на средства на државниот студентски дом „Скопје“ – Скопје. Со оваа одлука на Државниот студентски дом Скопје му се доделуваат вкупно 94.109.521,00 денари или околу 1,5 милиони евра од Буџетот за 2019 година. Средствата се наменети за подмирување на трошоците за тековно работење во однос на режиски трошоци за потрошена електрична енергија, парно/мазут, комунална хигиена и вода.

-Станува збор за средства кои Државниот студентски дом – Скопје неможе да ги предвиди и планира од сопствениот буџет, со оглед состојбата во која се наоѓаа сите студентски домови предходните години. Ова е трета финансиската помош од Владата и со оваа поддршка Државниот студентски дом-Скопје го затвора долгот за режиските трошоци- соопшти Државниот студентски дом – Скопје.

Исто така, минатата недела Собранието го усвои и дополнувањето на Законот за студентскиот стандард, во кој покрај режиските трошоци како досега, Владата може финанскиски да помогне и кај другите трошоци кои се однесуваат на исхраната и одржувањето.