Правилната грижа за фамилијата е тешка и одговорна работа и тоа дупло важи за
еднородителските семејства. Нив не им требаат пречки, им требаат можности и сета
грижа и внимание кое го заслужуваат. Како рекле, самохраните родители дупло се
секираат, дупло тагуваат, дупло плачат, ама на сметка на тоа и дупло се гордеат, дупло се радуваат и дупло се смеат. Искрено се надевам дека со ова скромно новогодишно изненадување ќе измамиме насмевка барем на неколку дечиња и ќе предизвикаме радост кај родителите од здружението на еднородителски семејства “Дел од сите”, изјави Татјана Крнчева, претседател на Форум на жени при ОО СДСМ Битола, при денешното доделување на новогодишните подароци.