Претседателот на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Ѕвездан Георгиев укажа на проблемите со кои се соочуваат новинарите во Македонија на првомајскиот марш кој ССНМ го организираше заедно со Синдикатот на македонската дипломатска служба, Независниот академски синдикат и Синдикатот на културата.

Сите новинари работат со прекршени работнички права, професијата е неизвесна, работат во нерегуилирани услови, поради што не може да се очекува регулирано новинарство, посочи Георгиев на маршот што се одржа под мотото „На 1 Мај каде си? За свои права, на улица си“ на плоштадот „Карпошово востание“.

„Пишувам за корка леб“, „Да за работа, не за ропство“, „Сиромаштија = цензура“, беа пораките испишани на транспарентите што ги носеа учесниците на протестот.