Времето во Македонија претпладне променливо облачно, во југоисточните делови со локален дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец. УВ=4

Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурите ќе се движат од 12 до 24 степени.  

Од вторник времето ќе биде претежно стабилно и релативно топло. Повеќе услови за локален дожд ќе има во среда и петок.