Намалена видливост поради појава на магла има на патниот правец П.Шапка, с. Гајре – Тетово до 30 метри, Плетвар, Битола до 200 метри, Кичево и Ѓавато до 100 метри, предупредува АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.