Премиерот Зоран Заев го покани Новак Ѓоковиќ во Охрид, откако синоќа светскиот тенисер ја отпеа „Македонско девојче“ во видео обраќање и претходно во изјава за „Макфакс“ рече дека би сакал да ги посети Охрид и Скопје.

– Драг Новак Ѓоковиќ, твојата изведба на преубавата „Македонско девојче“ нѐ воодушеви сите во нашата земја. Прекрасно е чувството кога ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани. Воедно, те следиме на Вимблдон и ти посакуваме успех – напиша Заев на својот профил на Фејсбук.