Досегашната судијка во Врховен суд, Беса Адеми, е избрана за претседателка на судот откако ги доби и гласовите на етничките заедници во сооднос четири спрема еден, пренесуваат повеќе медиуми. Судскиот совет на тој начин ја Адеми за нова претседателка на Врховниот суд.

– Донесена е Одлука за избор на претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија, по оглас број 09-1733/2 од 11.11.2020 година, и тоа за Претседател на Врховниот суд на РСМ е избрана Беса Адеми, судија на Врховниот суд на РСМ – пишува во соопштението објавено на веб страницата на Судскиот совет.

Адеми на 15.12.1990 година започнала да работи како приправник-волонтер во тогашниот Окружен суд Скопје, а од 8.2.1994 година била стручен соработник во истиот суд. Во периодот од 9.12.1999 година до 14.6.2004 година работела како заменик јавен правобранител во Јавното правобранителство. На 15.6.2004 година е избрана за судија во Апелацискиот суд Скопје каде постапува по предмети во граѓанскиот оддел. На 7.7.2009 година е избрана за судија на Врховниот суд.

Во трката за функцијата беа и судиите Џемали Саити и Лидија Неделкова.