„Спремни да помагаат“, напиша министерот за здравство Венко Филипче на неговата официјални фејсбук-страница, по средбата со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со ковид-19.

– Утрово се сретнав со студентите од шестта година по општа медицина кои ќе помагаат во битката со ковид-19. Многу ми е мило што идните здравствени работници се толку свесни и ја препознаваат својата важна општествена улога во моменти на криза. Нивниот придонес е многу значаен, им посакувам успешна работа – се наведува во објавата на Филипче покрај заедничката фотографија од средбата