Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.020 тестови, а регистрирани се 163 нови случаи со ковид-19 и 259 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените 163 случаи од Скопје се 102, Битола – 18, Куманово – 8, Прилеп и Ресен – по 5, Кавадарци, Велес и Кичево – по 3, Тетово, Охрид, Струмица, Гевгелија и Делчево – по 2, Гостивар, Радовиш, Валандово, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (163), регистрирани се 24 реинфекции. Од 259 оздравени пациенти од Скопје се 153, Кавадарци – 21, Битола – 17, Куманово, Прилеп и Велес – по 8, Гостивар – 7, Ресен и Охрид – по 6, Тетово и Делчево – по 4, Кичево, Струмица, Струга и Неготино – по 3, Крива Паланка – 2, Валандово, Кочани и Свети Николе – по 1.

Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени четири починати лица од: Скопје (1), Тетово (1), Охрид (1) и Струмица (1), на возраст од 64 години до 83 години. Пријавените лица се починати во период од 2 март до 21 март. Од пријавените лица 3 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај 3 починати лица се регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.978.825 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 307.507, бројот на оздравени пациенти е 296.833, на починати е 9.240, а на активни случаи изнесува 1.434.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 144.385, активни 763
Куманово 16.593, активни 35
Битола 14.962, активни 169
Прилеп 14.057, активни 77
Тетово 13.430, активни 13
Кавадарци 10.562, активни 68
Велес 9.704, активни 19
Гостивар 9.546, активни 8
Охрид 8.788, активни 67
Струмица 8.024, активни 21
Штип 7.984, активни 16
Кичево 5.586, активни 30
Кочани 5.062, активни 10
Струга 4.703, активни 9
Гевгелија 4.387, активни 25
Неготино 3.664, активни 4
Ресен 2.701, активни 19
Свети Николе 2.619, активни 5
Радовиш 2.518, активни 9
Крива Паланка 2.412, активни 4
Делчево 1.964, активни 22
Дебар 1.673, активни 4
Берово 1.639, активни 2
Валандово 1.480, активни 3
Виница 1.384, активни 7
Пробиштип 1.266, активни 3
Богданци 1.019, активни 2
Кратово 961, активни 2
Крушево 928, активни 10
Демир Хисар 826, активни 1
Македонски Брод 736, активни 1
Демир Капија 590, активни 4
Македонска Каменица 524, активни 1
Пехчево 486, активни 1
Дојран 344, активни 0.