Фото: Пиксабеј

Нови 75 случаи на ковид-19 од 887 направени тестови се регистрирани во последните 24 часа. Од вкупниот број новозаразени, 21 се со реинфекција, информира Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 38 од новите случаи се од Скопје, Куманово – осум, Велес – шест, Кавадарци – четири, Охрид, Кичево и Гевгелија имаат по три нови случаи, Битола, Прилеп и Штип по два и по еден новозаразен е регистриран во Неготино, Радовиш, Крива Паланка и Берово.

Регистрирани сe 99 оздравени пациенти: Скопје – 54, Кавадарци и Прилеп по седум, Куманово – шест, Охрид – пет, Велес и Тетово по три, Штип, Гостивар, Кочани и Кратово по двајца оздравени и по еден во Гевгелија, Битола, Неготино, Крива Паланка, Берово и Богданци.
Во текот на изминатите 24 часа нема починати лица, а исто така не се регистрирани во Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“.

Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 342.323 од направени 2.163.701 тестирања. Оздравени се 332.150 пациенти, починале 9.524, а активни случаи има 649.