Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа нема починати лица од коронавирусот, а потврдени се 166 нови случаи. Оздравени се 224 пациенти.

Од МЗ информираат дека се направени 1.756 тестирања, а најголем број од новите случаи повторно се од Скопје – 46.

Следат Куманово со 17 нови случаи, Штип – 13, Прилеп – 12 и во Тетово 11 нови случаи.

Во останатите градови, состојбата со нови случаи е следна: Дебар-3, Струга-4, Велес-3, Битола-4, Охрид-2, Кавадарци-2, Гевгелија-2, Струмица-3, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Пехчево-6, Берово-4, Виница-3, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациент од: Скопје-59, Куманово-34, Дебар-28, Штип-15, Прилеп-6, Тетово-6, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-6, Кавадарци-6, Гостивар-17, Радовиш-1, Кочани-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-6, Берово-2, Виница-7, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-4, Неготино-5.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.762, бројката на оздравени пациенти е 11.965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.191.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 79 пациенти. На кислородна поддршка се 44, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 4 мајки и 4 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 22 пациенти. На респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107 , позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 90
• Гази Баба – 78
• Аеродром – 103
• Карпош – 80
• Центар – 78
• Кисела Вода – 85
• Ѓорче Петров – 40
• Бутел – 52
• Шуто Оризари – 29
• Студеничани – 28
• Сарај – 22
• Арачиново – 14
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 3
• Петровец – 8
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-4