Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има 8 нови случаи на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест. Бројот на активни случаи изнесува 126, од кои 101 се наоѓаат на домашно, а 25 на болничко лекување.

Во изминатиот период се регистрирани девет нови кластери, претежно семејни. Но во последните денови се регистираат нови поединечни изолирани случаи, за што допрва ќе се утврдува изворот на заразата.

Заразените од ковид-19 се на различна возраст, а има заболени и едно дете на двегодишна возраст, чија здравствена состојба е добра. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 184 лица. 

ОВР Прилеп поднесе 30 прекршочни пријави за неносење на заштитни маски.

Ка.М.