Советот на општина Прилеп на денешната 41 седница донесе локални мерки и препораки за заштита од пандемијата на населението од корона вирусот, со што се прифатија сите препораки, укажувања и мерки од страна на Министерството за здравство по основ на превенција од КОВИД-19.

Општината времено ги затвори приемното одделение и одделението за администрирање на даноци за прием и услуги на странки. Своите потреби, информации и прашања граѓаните ќе можат да ги реализираат н преку телефон и преку емаил и преку официјалната веб страница на општината.

Со мерките предвидена е дезинфекција на автобусите од јавниот градски превоз. Дезинфекцијата ќе се врши неколку пати во текот на денот, а при тоа ќе се редуцира и градскиот превоз.

Дезинфекција ќе се врши на градинките, основните и средните училишта, како и дневните центри согласно препораките од Министерство за здравство и Министерство за образование и наука.

Забранети се сите локални настани, јавни собири, културни манифестации, промоции, саеми, панаѓури се до моментот на изрекување на нови мерки од Министерството за здравство.

Бидејќи општината го реализира јавниот повик за субвенционирање на инвертори и велоспеди граѓаните во овој временски период ќе ги доставуваат своите пријави исклучиво по пошта, а за архивски број ќе можат да се информираат по телефон.

Овие мерки на општината стапија во сила веднаш.     Ка.М.