Фото: Маја Јаневска-Илиева

Во последните 24 часа се регистрирани 87 нови случаи на ковид-19, од направени 987 тестирања. Во Скопје има 41 случај, во Куманово 12, во Штип 16, во Тетово има 10, во Струга и Гостивар по еден, во Охрид два и во Пробиштип четири случаи.

На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово, на возраст од 74 години, хоспитализиран пред три дена и потврден позитивен на оваа клиника.
На Институтот за јавно здравје се регистрирани пет оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 38.014 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3.239, бројката на оздравени пациенти е 1.658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.424 лица.