Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека изминатата седмица, заклучно со вчерашниот ден, во општина Прилеп имало 377 нови случаи на коронавирус. Од последици на коронавирусот за седум дена починале 15 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 765, од кои 659 се наоѓаат на домашно, а 106 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.019 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 1.818. Од почетокот на пандемијата до денеска од коронавирус починале 78 лица.

Инаку, во Прилеп е зголемен бројот на лаборатории во кои се вршат тестирања за Ковид-19 и резултатите за бројот на позитивни и починати лица од коронавирус во Центарот за јавно здравје – Прилеп пристигнуваат во доцните вечерни часови. Ка.М.