Во општина Прилеп денеска се евидентирани два случаи на новозаболени од ковид-19, додека петмина граѓани се излекувани од оваа заразна болест информираат од општина Прилеп.

На Инфективното одделение во прилепската општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се 17 лица позитивни на коронавирус. Двајца од нив се на кислородна поддршка, а останатите се со стабилна клиничка слика. Четворица пациенти се наоѓаат во делот на изолација. Од нив, двајца се негативни на коронавирус, задржани заради примање терапија за подобрување на нивната општа здравствена состојба, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултати.

Во самоизолација се наоѓаат 242 лица, а во деновите од викендот забележани се пет нарушувања на полицискиот час.

Во Општина Прилеп пристигна донација од Министерството за здравство од 32.000 заштитни маски, која ја дистрибуираше Дирекцијата за заштита и спасување.

Во саботата и неделата, Општина Прилеп спроведе акција за дезинфекција на улиците во сите урбани заедници во градот, а дезинфицирани беа и влезовите и скалите, се’ до највисоките катови на станбените згради во градот. Ка.М.