Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 8 до 14 февруари, во општина Прилеп имало 198 нови случаи на ковид-19.

Од последици на коронавирусот починале четири лица. Бројот на активни случаи изнесува 306, од кои 31 лице се наоѓа на болничко, а 251 на домашно лекување. Во дневната болница се лекуваат 24 лица.
Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 224 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 4.842 лица, а од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 243 лицa.
Ка.М.