На денешната владина седница ќе се донесе одлуката за тоа колку ќе трае полицискиот час за време на првомајските празници.

Ставот на министерот за здравство, Венко Филипче, е дека повторно, како и за време на велигденските празници, целиот викенд треба да биде затворен, односно да има полициски час од петок до понеделник.

– На состанок на штабот јас го изнесов мислењето, а тоа е мислење и на Комисијата за заразни болести, која со консензус смета дека викендот треба да биде целосно затворен, како што беше за Велигден, односно од петок до понеделник. Во меѓувреме, видов некои реакции на министерот Чулев, но сметам дека овде не треба да станува збор за какво било лично мислење, став или желба, туку мислењата се темелат на стручните сознанија на Комисијата за заразни болести. Така функциониравме досега – рече вчера министерот Филипче.

Како што додаде, јасно е дека граѓаните не сакаат да седат дома, но има причина зошто е предложен карантинскиот викенд.