Бидејќи пандемијата на коронавирус затвора деловни активности и ги затвора луѓето во нивните домови, се чини дека во мода се враќаат некои работи од минатото, објавува „Фуд енд вајн“.

Некои ресторани кои останале без клиенти, барајќи нови начини за работење без да ги ставаат луѓето во опасност, се сетиле дека можат да го запазат потребното растојание и тоа да го соединат со добра исхрана, претворајќи ги нивните паркинзи во кина.

– Кога светот се затвора, ние треба да се вратиме на нашите корени за забава – објавил Клинт Гибсон, сопственик на ресторанот „БиЏи“ во Мингус, САД, најавувајќи го и „Сендлот“ како прв филм што ќе се прикажува на нивниот паркинг.

Класичното драјв-ин кино се враќа пак за време на пандемијата, пишува „Њујорк Тајмс“, но само околу 300 објекти во САД можат да го искористат овој начин за гледање филмови на голем екран. На овој начин, рестораните се обидуваат да најдат начин да ги задржат луѓето да се забавуваат и добро да се хранат.