Министерството за внатрешни работи од утре во функција ги става бесплатната телефонската линија 080000201 и мејлот [email protected] каде граѓаните (на македонски и албански јазик) ќе можат да добијат соодветна информација во однос на функционирањето на услугите и сервисите на МВР во претстојниот период согласно состојбата со коронавирус и препораките на Владата.

Од МВР информираат дека вработените, каде што тоа е возможно, ги редуцирале контактите со странките во делот на постапки и услуги кои не се итни и кои не се ограничени со рокови.

– Секогаш кога е тоа возможно, се користи телефонска или електронска комуникација, со цел да се одбегне доаѓањето на граѓаните во институцијата доколку тоа не е неопходно – нагласуваат од МВР.