Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи со ковид-19, еден починат и 66 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (73), регистрирани се седум реинфекции.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (79 г) починато во домашни услови. Пријавеното лице е починато на 15 мај, соопшти Министерството за здравство.

Од 73 новозаболени од Скопје се 45, Битола – 9, Охрид и Кочани – по 4, Кавадарци – 3, Тетово – 2, Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе , Крива Паланка и Дебар – по 1.

Од 66 оздравени пациенти од Скопје се 47, Битола – 8, Берово – 4, Велес – 3, Охрид – 2, Прилеп и Виница – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 2.062.933 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.418, бројот на оздравени пациенти е 302.668, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 437.

Дистрибуција по градови – заболени (вкупно), активни случаи (вкупно)

Скопје 147.242, активни 283
Куманово 16.680, активни 6
Битола 15.703, активни 42
Прилеп 14.219, активни 6
Тетово 13.484, активни 7
Кавадарци 10.697, активни 12
Велес 9.800, активни 5
Гостивар 9.611, активни 6
Охрид 8.938, активни 23
Штип 8.078, активни 13
Струмица 8.077, активни 4
Кичево 5.653, активни 3
Кочани 5.100, активни 6
Струга 4.728, активни 0
Гевгелија 4.423, активни 1
Неготино 3.698, активни 6
Ресен 2.751, активни 1
Свети Николе 2.636, активни 2
Радовиш 2.531, активни 0
Крива Паланка 2.419, активни 1
Делчево 1.986, активни 1
Берово 1692, активни 3
Дебар 1.679, активни 2
Валандово 1.488, активни 0
Виница 1.395, активни 2
Пробиштип 1.267, активни 0
Богданци 1.021, активни 0
Кратово 966, активни 0
Крушево 930, активни 1
Демир Хисар 836, активни 0
Македонски Брод 739, активни 1
Демир Капија 593, активни 0
Македонска Каменица 525, активни 0
Пехчево 486, активни 0
Дојран 347, активни 0.