Француската влада прогласи здравствена вонредна состојба, давајќи им на тој начин на функционерите поголема моќ да воведат строги мерки за да се спречи ширењето на вирусот.

Во соопштението не е прецизирано каква постапка ќе биде преземана, но со усвојувањето на вонредната состојба се овозможува на властите да воведат поостри мерки.
Се очекува подоцна претседателот Емануел Макрон да ги објави деталите за планираните мерки.

Француските медиуми наведуваат дека меѓу мерките кои ќе ги објави Макрон е и полициски час во период од 21 до 06 часот наутро.