Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 6.428 лица за коронавирус, од кои 245 биле позитивни, додека 1 лице починало.

На респиратори се приклучени 22 пациенти.

Досега починале вкупно 768 лица.

Хоспитализирани се 80 пациенти, што е најголем број од 2 септември.

Изразено во проценти, во споредба со испитаните, 3,81 проценти биле заразени.

Досега се тестирани вкупно 1.213.404 лица, а 35.251 биле позитивни.

Кризниот штаб апелира на почитување на мерките, пред сè на носење маски затоа што сегашната состојба не оди во вистинската насока.

Три земји во регионот го соборија рекордот по бројот на нови случаи денес. Хрватска пријави уште 748 заразени, Словенија 707 и Босна и Херцеговина 476.

Црна Гора сè уште е на прво место според бројот на активно заразени со Ковид-19 на 100 илјади жители и има најмногу заразени на милион жители.