Фото: МИА

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.153 тестови, а регистрирани се нови 411 случаи на ковид-19: Скопје – 208, Битола – 33, Куманово – 26, Прилеп – 21, Велес – 16, Струмица – 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Богданци, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (411), регистрирани се 88 реинфекции.

Регистрирани сe 210 оздравени пациенти од: Скопје – 119, Битола- 16, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Прилеп – 9, Тетово – 7, Велес и Охрид – по 6, Кочани – 5, Струмица и Гостивар – по 4, Неготино и Струга – по 2, Валандово, Гевгелија, Свети Николе и Пробиштип – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.092.345 тестирања за ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.