Првото лице кај кое коронавирусот беше идентификуван минатата година во Болоња, сега е повторно инфицирано со делта варијантата на вирусот, пишува весникот „Ил Фато Котидијано“.

„Вакцинирајте се, не правете глупости како мене“, порача 24-годишната Бјанка Доброја.

Таа е модел, со романско потекло, а минатата година се лекувала во болница цели 80 дена откако била заразена со ковид-19.

– Наивно верував дека не треба да се вакцинирам по инфекцијата. Направив и серолошки тест, имав повеќе антитела и верував дека сум заштитена. Сега ги имам истите симптоми како и пред година и пол: висока температура, главоболка, кашлица, болка по целото тело. Се надевам дека нема да завршам повторно во болница три месеци – вели Доброја.

Таа додава дека е жив пример оти е можно од ковид-19 да се заболи двапати, со што луѓето не треба да се ризикуваат, туку да се вакцинираат