Во пожар кој избувна претпладнево во Прилеп изгореа четири социјални бараки. 11 лица останаа без покрив на главата.

Првичните неофицијални информации велат дека пожарот се појавил во помошна просторија на една од бараките. И покрај брзата интервенција на пожарникарите огнот се проширил и на другите бараки. Еден од сопствениците вели дека одвај спасиле жива глава. Растревожено објаснуваат дека огнот брзо се ширел. За среќа нема повредени, а од огнот било извлечено и едно неподвижно лице.

Од ЛС најавуваат помош за настраданите семејства.

Инаку, овие бараки, на крајот од градот, во населбата Варош, под Марковите кули, се изградени пред 20 години и во нив живеат социјално загрозени семејства. Ка.М.