Јужноафриканскатa Република (ЈАР) стана првата земја во светот што ја користи вакцината од американската лабораторија „Џонсон и Џонсон“.

Првата вакцина од 80.000 дози ја прими медицинска сестра во болницата во Кејп Таун пред камерите. Вакцината потоа ја прими и претседателот Сирил Рамафоса. Уште 420.000 дози на американската лабораториска вакцина наскоро треба да пристигнат во Јужна Африка.

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ спаѓа во групата на вакцини која содржи безопасен вирус на САРС Ков-2, кој не предизвикува заболување, но генерира имунолошки одговор, како што се и вакцините на „Астра зенека“ и Универзитетот во Оксфорд, кинеската „Синофарм“ и руската „Спутник 5“.