Висок официјален претставник на Светската здравствена организација рече дека таканаречените ковид – пасоши не треба да се користат за меѓународни патувања поради бројни проблеми, вклучително и етички причини бидејќи вакцините за коронавирус не се лесно достапни на глобално ниво.

На брифинг со новинарите, шефот на Одделот за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека постојат практични и етички разгледувања за земјите што размислуваат да користат сертификати за вакцини како услов за патување, додавајќи дека здравствената агенција на Обединетите нации засега не ги препорачува.

– Вакцинацијата едноставно не е достапна ширум светот и не е достапна на фер основа – рече Рајан.

СЗО претходно забележа дека сè уште не е познато колку трае имунитетот од вакцините и дека податоците сè уште се собираат.

Рајан, исто така, истакна дека стратегијата може да биде неправедна за луѓето кои поради некоја причина не можат да се вакцинираат и дека барањето ковид – пасош може да дозволи неправдата и неправедноста дополнително да се вметнат во системот.