Во Русија е регистриран рекорден број новозаволени од коронавирус, но и најголем број починати лица за еден ден, во последните 24 часа.

Коронавирусот е евидентиран кај уште 6.411 лица, така што вкупниот број на заболени е 93.558. Починаа 72 лица за еден ден, а вкупниот број на жртви во Русија е 867, пренесува ТАСС.

Во понеделникот, Русија по бројот на заразени лица ја надмина Кина, каде вирусот за првпат се појави во декември минатата година и стана деветта земја којашто е најпогодена од пандемијата.