Германската канцеларка Ангела Меркел пред пратениците во нејзината конзервативна партија изјави дека очекува ограничувачките мерки во Германија да бидат на сила до почетокот на април, наведува германски „Билд“.

– Ако не успееме да го запреме овој британски вирус, тогаш ќе имаме 10 пати повеќе случаи до Велигден. Ни требаат уште осум до 10 недели остри мерки – предупреди Меркел.