Европската Унија соопшти дека британско-шведската компанија „Астра зенека“ ќе испорача дополнителни девет милиони дози вакцини против коронавирус до март, пишува Би-Би-Си.

Претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лејен рече дека тоа е чекор напред. Но, сега очекуваните дози се сè уште само половина од оние што се очекуваат поради постојани проблеми со снабдувањето.

– „Астра зенека“ ќе започне со испораки една недела порано од предвиденото – објави фон дер Лејен на Твитер, додавајќи дека „компанијата исто така ќе ги прошири своите производни капацитети во Европа“.

Европската агенција за лекови деновиве ја одобри употребата на вакцината против ковид-19 на „АстраЗенека“, создадена во соработка со Универзитетот Оксфорд. Дозволата се однесува на употреба кај населението постаро од 18 години, а по одобрувањето на Агенцијата, употребата на вакцината во ЕУ треба да биде потврдена од Европската комисија.