Фото: Игор Бансколиев

Во изминатото деноноќие се регистрирани нови 53 ковид-случаи од 546 направени тестови, како и 103 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати лица, но согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин евидентирано е едно починато лице од Скопје на 82-годишна возратс, кое починало во болнички услови на 10 септември.

Како што соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје, 22 нови случаи се регистрирани во Скопје, пет во Охрид, во Прилеп и Кавадарци по четири, во Битола и Велес по три, во Тетово, Штип и Ресен по двајца и во Куманово, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка и Кратово по еден пациент.

Регистрирани се 103 оздравени пациенти, од кои 75 се во Скопје, во Кавадарци пет, Битола, Велес и Штип по четири, Ресен три, Прилеп и Кратово по двајца и Куманово, Тетово, Кочани и Радовиш по еден.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 16 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.165.679 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.519, бројот на оздравени пациенти е 332.422, на починати е 9.527 а бројот на активни случаи изнесувa 570.