Архива/Фото: Нова Македонија

Владата на вчерашната седница одлучи 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател и изборите за пратеници во Собранието и овие два неработни дена нема да се одработуваат.

Владината одлука се однесува на сите граѓани на територијата на Македонија.