Во саботата на 28 мај се одржа „Марили бизнис-форумот“ под насловот „Современа бизнис-раскрсница“, на кој учествуваа неколку стотици жени менаџери од земјава и од регионот.
Традиционално изборот се врши во организација на агенцијата „Марили“, од каде што беа промовирани 20-те најуспешни жени менаџери, со доделување на статуетките „жена водилка“.
Меѓу најуспешните и најдобри 20 жени менаџери оваа година, со престижната награда се закити и Весна Стојановска, генерална директорка на КБ Прво пензиско друштво.
Весна Стојановска, како претседателка и членка на управниот одбор на КБ Прво пензиско друштво, од 2016 година е посветена на примената на своето искуство и заложба во одржување на лидерската позиција на друштвото на пазарот на пензиските фондови, како и за имплементирањето на концептот на одговорно инвестирање, познато и како ЕСГ – светски тренд кон кој се стремат пензиските фондови во сите развиени земји.
Со гордост ја потенцира и пионерската улога на фондовите со кои управува друштвото во примената на одговорното инвестирање, кое опфаќа инвестирање во инвестициски фондови што инвестираат во компании што се грижат за животната средина, општеството и доброто корпоративно управување, но зборува и за тоа од што зависи напредувањето во кариерата и што сѐ влијае жената да се движи во нагорна линија во својот професионален живот. Балансот помеѓу семејните и професионалните обврски, а наедно и безрезервната поддршка од тимот со кој раководи се само поттик за поголеми заеднички успеси во иднина и денес.
КБ Прво пензиско друштво произлезе од реформите во пензискиот систем во земјава и изминативе 17 години успешно се позиционира на пазарот на управување на пензиските фондови и во моментов има триесетина вработени.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02 3224 229