Фото: Игор Бансколиев

Од денес попладне, па во наредните два дена термолектраната „Битола 1“ на РЕК „Битола“ ќе биде плански исклучена од електроенерегетскиот систем. Краткотрајниот прекин во работењето е со цел зголемување на доверливоста и стабилноста на постројката.

Потсетуваме уште еднаш дека годинава, со оглед на енергетската криза во државата и Европа, РЕК „Битола“ нема да прави класични ремонти на блоковите, туку ќе ги користи приликите за техничко – технолошки зафати за санација и нега на производствените погони согласно околностите.

Во меѓувреме, продолжува со работа блок 2 на РЕК „Битола“.

АД ЕСМ ги обезбедува потребите за електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи исклучливо од сопствено производство. Струја не се увезува и не се планира увоз на електрична енергија од странство ниту во следните денови, се вели во
соопштението од АД ЕСМ. М.М.