Фото: Маја Јаневска-Илиева

Од полноќ поскапуваат бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според оваа одлука, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 86,50 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 88,50 ден/лит, а дизелот ќе се продава по цена од 81 ден/литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 80,50 ден/лит.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот за 0,801 ден/кг, во однос на претходно утврдената цена и од полноќ тој ќе чини 46,592 ден/кг.

Новата одлука за зголемување на цените, од РКЕ ја образложуваат со зголемувањето на цените на нафтените деривати на светските берзи.