„ЛУКОИЛ Македонија“ во соработка со партнерот „АВИА ОИЛ“ отвори нова бензинска станица, лоцирана во Струга на улица Туристичка бр.1, на стариот пат на излез од Струга кон Охрид. Бензинската станица, која е 34-та за ЛУКОИЛ во земјава, се простира на површина од 2.309 метри квадратни и e изградена според новиот корпоративен стил на компанијата. Таа е и повеќенаменски комплекс што во себе вклучува снабден маркет, простран паркинг за возила, кои ќе овозможат корисни услуги за сите посетители. Во неа ќе бидат вработени 13 лица, обучени според професионалните компаниски програми.

На новата бензинска станица потрошувачите ќе може да се снабдат со познатото брендирано гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, кое важи за најефикасно гориво на македонскиот пазар поради неговите перформанси што овозможуваат поголема моќност на моторот, побрз старт и намалена потрошувачка. На бензинската станица ќе биде достапен ТНГ-автоплин, како и масла од палетата на ЛУКОИЛ. Во согласност со корпоративните стандарди на ЛУКОИЛ, бензинската станица ќе понуди широк спектар на дополнителни услуги, меѓу кои безжичен интернет и други поволности за луѓето што транзитираат во овој регион.

„ЛУКОИЛ Македонија“ продолжува со проширување на својата мрежа во државата и сега веќе брои вкупно 34 бензински станици преку кои обезбедува квалитетно гориво и врвни услуги. Бензинските станици на ЛУКОИЛ се протегаат низ целата територија на Македонија и им овозможуваат на корисниците безгрижно движење и уживање на патиштата.

Комерцијална објава