Фото: Маја Јаневска-Илиева

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 29.943 денари.
Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, изнесува 105,8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање (13,1 %), Градежништво (12.6 %) и Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (12,1 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (10,4 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (9,1 %) и Градежништво (7,6 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2021 година, изнесува 44.711 денари.