Фото: Маја Јаневска-Илиева

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година.

Клучните наоди од мониторингот вклучуваат: Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 отсто од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција.

Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите.

Постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата.

На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда.

Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 отсто.

Во првото полугодие од 2021 година, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра.

Овие слабости се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.