Од денес повторно е отворен реновираниот „Тинекс“ маркет Ѓорче Петров
на ул. „Ѓорче Петров“ бр.22. „Тинекс“ маркетот по реновирањето располага со зголемен продажен простор од 570 метрри квадратни и е конципиран со два влеза за лесна пристапност на потрошувачите.

Маркетот сега има помодерен изглед со елементи на дрво и уште по пријатна атмосфера за пазарење, а покрај редовните оддели, располага со голема и модерна пиљара каде може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекара каде во секое време може да се купи свеж леб и топли бели печива и друго, а по реновирањето како новитет отворена е и месарница за продажба на свежо месо и преработки од месо кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“. Дополнително по реновирањето е отстапен и поголем продажен простор за категоријата органска и здрава храна.

Во маркетот работат вкупно 25 вработени и има 4 наплатни каси за услужување на потрошувачите. Целта на „Тинекс“ е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на потрошувачите и токму поради тоа постојано се унапредуваат постоечките маркети.

По повод повторното отворање на реновираниот маркет подготвени се ексклузивни акции, големи попусти и промоции, а за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот од 17-ти до 19 август ќе се доделуваат 3 x ПОВЕЌЕ поени на износот на направената сметка.