Највисок остварен годишен бруто доход лани имал граѓанин од Битола, кој успеал да заработи дури 3,4 милиони евра. По него следува граѓанка од Скопје која имала годишен бруто доход за ланската година од 2,8 милиони евра. Ова се податоците кои Управата за јавни приходи (УЈП) ги објави од обработените годишни даночни пријави за 2019 година.
Сепак, најголемиот вкупен доход од 3,4 милиони евра, според директорката на УЈП, Сања Лукаревска, е многу послаб од ланската најголема заработка, и тоа за дури 17,2 милиони евра.
Директорката информираше дека најмладиот македонски милионер, кој остварил бруто приход во 2019 година над еден милион денари, е роден во 2013 година, а печали преку закупнина. Највозрасниот граѓанин од оваа кате­го­рија, пак, има 101 година.
– Највозрасниот граѓанин, кој остварил приход над 10 милиони денари, има 86 години. Најбогатиот пензионер живее во Штип со пензија од 11.000 евра, или во текот на 2019 година примил над 137.000 евра. Највисоката плата пак, била исплатена на лице од Струга, од ин­дус­тријата со метали, кој годишно пријавил бруто доход од 1,9 милиони евра или месечната плата му била 156 илјади евра – соопшти Лукаревска.