Русија ја прекина испораката на нафта за Белорусија

Русија ја запре испораката на нафта во Белорусија, а двете белоруски рафинерии работат со минимален капацитет, објави белоруската нафтена компанија „Белнефтехим“.
– Руската нафта не се испорачува, а рафинериите работат на минимално технолошки дозволено ниво – наведуваат од белорускиот концерн.
Оттаму уште додаваат дека белоруските власти се обидуваат да склучат договори за испорака на нафта, вклучувајќи и од алтернативни извори надвор од Русија.
Прекинот на испорака на руска нафта дојде откако Белорусија најави дека ќе постави опрема за контрола на нејзиниот квалитет на белоруската делница од нафтоводот „Дружба“.